Секторот за внатрешни работи Куманово поднел кривична пријава против маж со иницијали Д.Р., поради сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите наведени во пријавата, осомничениот во периодот од февруари до октомври годинава наводно вршел полови дејствија врз дете помладо од 15 години.
По документирањето на случајот, против мажот е поднесена кривична пријава, а понатамошната постапка треба да ги утврди сите околности и одговорноста за делото за кое се сомничи.







