ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЧИНА УШТЕ ЕДЕН ДОКТОР ОСУДЕН ЗА СМРТТА НА РОДИЛКАТА МАЈА КАДИЕВА

ПОЧИНА УШТЕ ЕДЕН ДОКТОР ОСУДЕН ЗА СМРТТА НА РОДИЛКАТА МАЈА КАДИЕВА
Kristal

Трагичен развој во случајот кој речиси една деценија го потресува македонското здравство. Гинекологот Венци Чалков од Гевгелија, кој само пред неколку дена доби затворска казна за смртта на Маја Кадиева и нејзиното бебе, почина непосредно по објавувањето на пресудата. Тој е третиот од четворицата обвинети кој почина за време на десетгодишниот судски процес.

Пресудата на Врховниот суд ја преиначи условната казна на Чалков во 10 месеци ефективен затвор, наведувајќи дека операцијата била закажана и извршена без медицинска индикација за итност, без навремено екипиран тим, без координација и со анестезиолози под дејство на алкохол. Вториот обвинет гинеколог, Дончо Москов, остана со условна казна од шест месеци.

Во истиот предмет беа обвинети и анестезиолозите Зоран Јовановски и Томе Ванчев. Јовановски почина уште во фазата на истрага, а Ванчев пред две години, што го прави овој случај единствен по тоа што три лица од обвинетите починаа пред да се затвори процесот.

Сопругот на родилката, Димитрие Кадиев, вели дека со ова повторно се отвораат старите рани:„Десет години чекав правда. Тројца од четворицата обвинети починаа. Судијката два пати ги ослободуваше гинеколозите. Жалбата три години стоеше во фиока. Ова е пат исполнет со неправди. Резултатот е падната доверба во судството.“

Случајот започна во октомври 2015 година во болницата во Гевгелија, каде Маја Кадиева и нејзиното бебе починаа за време на закажан царски рез. Судскиот процес беше враќан повеќепати, а конечната пресуда стигна буквално во последната недела пред застарување на делото.

Овој случај останува еден од најсложените и најконтроверзните медицински процеси во Македонија.

FixCredit
Atensa 300
Escape