ПРВ.мк
Црна Хроника

Пијан возач од Трубарево предизвика сообраќајка кај Петровец – повредени две 8-месечни бебиња

Пијан возач од Трубарево предизвика сообраќајка кај Петровец – повредени две 8-месечни бебиња
Escape

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 57-годишен жител на селото Трубарево за кривично дело – загрозување на безбедноста во сообраќајот.

Инцидентот се случил на 8 август, на локалниот пат што ги поврзува селата Петровец и Долно Коњари. Осомничениот управувал автомобил „Мерцедес“ со истечена сообраќајна дозвола, под дејство на алкохол и без да ја прилагоди брзината на условите на патот, густината на сообраќајот и другите околности.

Во еден момент изгубил контрола над возилото, навлегол во лентата за возила што доаѓаат од спротивната насока и со предниот лев дел удрил во автомобил „Шкода“.

Од сообраќајната несреќа полесни повреди добиле возачот и четворица патници од „Шкодата“, меѓу кои и две 8-месечни бебиња. По укажаната лекарска помош, сите биле пуштени на домашно лекување.

Јавниот обвинител побара од судот да му одреди мерки на претпазливост на осомничениот – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за редовно јавување пред определено службено лице, како и привремено одземање на возачката дозвола од Б-категорија, со забрана за нејзино повторно издавање.

Mia Home Mavrovo