ПРВ.мк
Црна Хроника

Нападнати двајца вработени во ЕВН додека биле на службена задача

Нападнати двајца вработени во ЕВН додека биле на службена задача

Двајца вработени во ЕВН Македонија биле нападнати додека извршувале службени дејствија на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје, а полицијата привела 47-годишен маж.

Според информациите од МВР, инцидентот се случил на 17 август 2026 година околу 10:10 часот. Полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.Г. (47) од Скопје, откако претходно било пријавено дека нападнал двајца работници на ЕВН.

Според пријавата, осомничениот најпрво турнал скала на која во тој момент се наоѓал еден од вработените во компанијата.

Потоа конфликтот продолжил, при што 47-годишникот физички го нападнал и вториот вработен, а при нападот употребил и тврд предмет.

Двајцата работници во моментот на инцидентот извршувале службени дејствија.

Од полицијата информираат дека случајот дополнително се документира. По неговото целосно расчистување, Единицата за насилен криминал – Одделението за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.