ПРВ.мк
Црна Хроника

Не успеа да ја добие најтешката битка: Kолегите се простуваат од музичарот

Не успеа да ја добие најтешката битка: Kолегите се простуваат од музичарот

Бугарската музичка сцена тагува по смртта на музичарот, продуцент и текстописец Бојан Христов, кој почина по долга и тешка борба со онколошко заболување.

Веста за неговата смрт ја соопшти БГ Радио, од каде посочија дека неговото заминување претставува голема загуба за луѓето кои го познавале, но и за музичката сцена на која Христов остави значајна трага.

Тој подолг период се борел со тешката болест. Неговите блиски, пријатели и колеги претходно организирале и хуманитарна акција преку која се собирале средства потребни за неговото лекување.

Христов во текот на кариерата работел како музички продуцент, текстописец, пејач, аранжер и вокален педагог. Соработувал со повеќе познати имиња од бугарската поп-сцена, меѓу кои Марија Илиева, Љубо Киров, Поли Генова, Хилда Казасян, Михаела Филева и Маријана Попова.

Роден бил во Пловдив во семејство во кое музиката била составен дел од животот. Неговата мајка била класичен музичар, додека татко му свирел во музичка група.

Иако по образование бил актер, неговата најголема љубов останала музиката. Учествувал во различни фази од создавањето музички проекти – од пишување и аранжирање, до развивање на целокупниот концепт и претставувањето на артистите пред публиката.

Веста за неговата смрт предизвика голема тага во Бугарија, а од Христов се простуваат негови колеги, пријатели и почитувачи на неговото творештво.