Црните кутии од авионот на Air India што се урна во Ахмедабад се пронајдени, а првичните податоци откриваат шокантен детаљ: дефект на пилотското седиште е клучниот момент што довел до несреќата.
Според извештајот на Одделот за истрага на воздушни несреќи (AAIB) на Индија, седиштето на пилотот се лизнало наназад токму за време на полетувањето, поради неисправен механизам за заклучување. Во тој момент, пилотот ненамерно ги турнал рачките за потисок во неутрална позиција, што предизвикало намалување на моќноста на моторите.
Копилотот се обидел да ја врати контролата, но не успеал поради положбата и тежината на телото на пилотот.
Обдукцијата на остатоците од авионот потврди скршени сигурносни иглички на седиштето. Несреќата се случила само 11 дена по сервисирање на авионот.
Boeing 787-8 Dreamliner летал за Лондон, но се урнал веднаш по полетувањето, при што загинаа 270 лица, меѓу кои и жители на зградата врз која паднал авионот. Еден патник чудесно преживеал благодарение на седиштето крај излезот за итни случаи.
Индија веќе започна проверка на сите авиони од истиот тип, а други земји се алармирани за слични потенцијални дефекти.