ПРВ.мк
Економија

Пласманот и откупните цени, најголем проблем за земјоделците во струмичко

Пласманот и откупните цени, најголем проблем за земјоделците во струмичко

Пласманот и ниските откупни цени се најголемите предизвици со кои се соочуваат земјоделците во струмичко. Тие бараат изградба на сушари, откупно-дистрибутивни центри и воведување нов модел на субвенции. Иако најавите за доделување финансиска помош на младите земјоделци за останување во селата се позитивни, експертите сметаат дека се потребни и други стимулативни мерки.

Коле Николов, долгогодишен земјоделец кој обработува десетина пластеници со пиперки, очекува први берби во наредниот месец. За него најголем проблем останува пласманот и ниските откупни цени.

И Ристо Велков истакнува дека во Струмица недостигаат сушари и откупно-дистрибутивни центри, кои со години се најавуваат, но не се реализираат. Тој ја доведува во прашање и актуелната политика на субвенционирање.

Во последните години се бележи пад на земјоделското производство во струмичко, предизвикан од несигурен пласман, високи цени на репроматеријали и недостаток на млади кои ќе работат на земјата.

Експертите нагласуваат дека иако субвенциите за млади брачни парови се добар почеток, тие мора да бидат дел од поширока стратегија за поддршка на земјоделството во регионот.

Сподели го овој напис