ПРВ.мк
Економија

Продажбата на услуги падна за 4,8% – туристичките агенции со скок од 20%

Продажбата на услуги падна за 4,8% – туристичките агенции со скок од 20%

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, прометот од продажбата на услуги во првиот квартал од 2025 година е намален за 4,8% во споредба со истиот период лани.

И покрај општото намалување, туристичкиот сектор бележи значителен раст. Најголемо зголемување од 20,1% е забележано во одделот „Туристички агенции, организатори на патувања и други резервациски услуги“.

Дополнително, секторот за административни и помошни услужни дејности пријавува раст од 11,4% во истиот период.

Сподели го овој напис