ПРВ.мк
Црна Хроника

Три сообраќајни несреќи во Тиквешијата вчера

Три сообраќајни несреќи во Тиквешијата вчера

Вчера во Тиквешијата се случија три сообраќајни инциденти, потврди докторот Ратко Грков од Итна медицинска помош Кавадарци.

Во првата несреќа на патот Кавадарци – Возарци, кон селото Дреново, едно лице е потешко повредено, а едно полесно. Во вториот случај, на патот кон селото Рибарци, во близина на Росоман, повредени се со полесни повреди, а во несреќата учествувало и деветмесечно бебе. Третата незгода се случила на патот Неготино – Градско, во близина на археолошкиот локалитет Стоби.

Докторот Грков апелираше на внимателност кај сите учесници во сообраќајот за поголема безбедност. Дополнителни информации ќе бидат објавени од СВР Велес во текот на денот.

Сподели го овој напис