Повеќе од 10.000 скопјани синоќа се забавуваа на плоштадот Автокоманда во скопска Гази Баба.
Познатиот српски пејач Саша Ковачевиќ уште еднаш потврди дека е миленик на македонската публика, како главна ѕвезда на манифестацијата „Вкусовите на Гази Баба“, која се одржа вчеравечер.
Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, сподели фотографија од бројната публика и порача:
„Ви благодарам народе! Ви се поклонувам!“