Големо дрво паднало на само два метра од деца и возрасни во паркот во Ѓорче Петров, предизвикувајќи паника и револт кај граѓаните. Според објави на „Мое Ѓорче“, инцидентот се случил додека во паркот престојувале околу 40 луѓе, меѓу кои и деца кои се играле во близина.

Жителите велат дека со години апелираат до институциите да се грижат за безбедноста на зелените површини, но без резултат. Иако дрвото било отстрането за само 30 минути, тие сметаат дека реакцијата е поради страв од правни последици, а не од вистинска грижа.
Градот и „Паркови и зеленило“ сè уште немаат дадено официјална изјава.