ПРВ.мк
Црна Хроника

Го удрила кола додека туркал велосипед – прилепчанец почина во болница

Го удрила кола додека туркал велосипед – прилепчанец почина во болница

Тешка сообраќајна несреќа се случила во неделата вечерта на регионалниот пат Прилеп – Битола, во која животот го загубил 49-годишен маж од Прилеп, соопшти МВР.

Несреќата се случила на 15 јуни 2025 година, околу 21 часот, кога возило „Рено“ со прилепски регистарски таблички, управувано од 51-годишниот Т.Д. од селото Галичани, удрило во М.Б. од Прилеп, кој во моментот туркал велосипед.

Повредениот маж бил итно пренесен во прилепската болница, каде му биле констатирани тешки повреди. За жал, кратко потоа им подлегнал. Смртта ја констатирал дежурен лекар.

Увид на местото на несреќата извршила екипа од ОВР Прилеп, во координација со јавен обвинител. Телото на починатиот е предадено на обдукција, а истрагата за причините и околностите на трагедијата е во тек.

Сподели го овој напис