ПРВ.мк
Скопје

ЗАМЕНИ ЈА ПЕЧКАТА, ЗЕМИ СУБВЕНЦИЈА – Ѓорче Петров со нова мерка за клими и пумпи

ЗАМЕНИ ЈА ПЕЧКАТА, ЗЕМИ СУБВЕНЦИЈА – Ѓорче Петров со нова мерка за клими и пумпи

Општина Ѓорче Петров воведува субвенции за набавка на клима уреди и топлотни пумпи, со цел поттикнување на граѓаните да преминат од штетни и застарени начини на греење кон поеколошки и економични решенија.

Мерката е наменета за жителите на општината кои немаат пристап до централно греење, претходно користеле печка на дрва, јаглен, мазут или нафта и се подготвени да ја предадат старата печка. Корисниците што веќе добиле субвенции за инвертер или печка на пелети не се опфатени.

„Со вакви мерки не само што го подобруваме квалитетот на воздухот, туку и директно им помагаме на граѓаните да заштедат во време на економски предизвици“, истакна градоначалникот Александар Стојкоски.

Субвенциите се до 50% од вредноста за клима уред (максимум 15.000 денари) и до 10% за топлотна пумпа (максимум 21.000 денари). Пријавувањето е отворено до 30 јуни 2025 или до исцрпување на буџетот, а пријавите се разгледуваат според редослед на пристигнување.

Сподели го овој напис