ПРВ.мк
Свет

Се огласи Трамп: Иран не ја добива оваа војна!

Се огласи Трамп: Иран не ја добива оваа војна!

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран сакал разговори, но дека го пропуштил вистинскиот момент. „Имаа 60 дена, а потоа на 61-от ден реков дека нема договор“, рече Трамп во обраќање пред медиумите.

Тој порача дека иако ситуацијата е болна за двете страни, Иран нема да излезе како победник. „Треба да разговараат, и тоа веднаш, пред да биде предоцна“, додаде Трамп за време на состанокот со канадскиот премиер Марк Карни.

Изјавата доаѓа откако се појавија извештаи дека Техеран бара прекин на огнот со Израел во замена за флексибилност во нуклеарните преговори со САД. Овие настани влијаеја врз падот на цените на нафтата за над 2 долари по барел, поради надежите за деескалација и стабилно снабдување од регионот.

Сподели го овој напис