ПРВ.мк
Свет

Израел и Иран во нови судири: Регионална криза на работ на ескалација

Израел и Иран во нови судири: Регионална криза на работ на ескалација

Во текот на ноќта продолжија нападите меѓу Израел и Иран, со употреба на ракети и беспилотни летала. Сирени за воздушна опасност се огласија во Тел Авив и неколку други израелски градови, принудувајќи ги граѓаните да побараат засолниште.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на третиот ден од воздушните операции изјави дека „Техеран гори“, додавајќи дека САД даваат значајна поддршка под раководство на претседателот Доналд Трамп. Тој нагласи дека израелските сили не ги таргетираат цивилите, додека иранската страна напаѓа населени места.

Од друга страна, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан ги осуди нападите на Израел преку ирачкиот воздушен простор и побара од Багдад да ја зајакне граничната и воздушната безбедност. Иранската војска упати предупредување, барајќи итно повлекување од окупираните територии.

„Напуштете ги окупираните територии, тие нема да бидат безбедни за вас. Иранскиот одговор ќе биде сѐопфатен и разорен“, изјави портпаролот на иранската армија, полковник Реза Сајад.

Напнатоста ескалираше по израелските воздушни напади врз ирански нуклеарни и воени објекти, при што загинаа високи ирански генерали и научници.

Паралелно, во Алберта, Канада, се одржува Самитот на Г7, каде присуствуваат светски лидери, вклучувајќи го и украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека Иран е главен извор на регионална нестабилност и дека дипломатско решение е единствениот одржлив пат.

Австралискиот премиер Ентони Албанезе препорача да не се патува во Израел и Иран, истакнувајќи дека заканата од нуклеарно оружје мора да се решава преку дијалог и дипломатија.

Сподели го овој напис