ПРВ.мк
Скопје

Зоолошката изгуби уште еден редок вид – угина мајмунка „сијаманг“, била ли трудна?

Зоолошката изгуби уште еден редок вид – угина мајмунка „сијаманг“, била ли трудна?

Во скопската Зоолошка градина угина женка мајмун од реткиот вид „сијаманг“, потврдија од установата, по објавата на советникот Стефан Кирков од ВМРО-ДПМНЕ, кој тврди дека се работело за трудна единка.

Кирков на Фејсбук напиша дека трагедиите во Зоолошката продолжуваат, нарекувајќи ја институцијата „куќа на стравот“. Според него, мајмунката била тајно носена во приватни ветеринарни ординации, додека раководството и градоначалничката Арсовска молчат.

Од Зоолошката демантираат дека мајмунката била бремена, а за причините за смртта велат дека ќе информираат по завршена обдукција од Факултетот за ветеринарна медицина. Потврдија дека животните добиваат редовна нега и следење, но признаа дека, и покрај напредниот третман, не секогаш е можно да се спасат болни животни.

Сијамангот е редок вид црн гибон, карактеристичен за југоисточна Азија. Во Зоолошката во изминативе години угинаа вкупно 25 животни, додека се родени 73.

Сподели го овој напис