Дваесет и осумгодишна битолчанка била лишена од слобода откако, според пријавеното, во семејниот дом го нападнала својот татко со остар предмет и му нанела расекотина.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 8 септември.
Полициски службеници од СВР Битола во 22:30 часот ја лишиле од слобода Г.И. (28) од Битола.
Според пријавеното, таа во семејниот дом со остар предмет го нападнала својот татко, при што му нанела расекотина.
По целосното документирање на случајот, против 28-годишната битолчанка ќе биде поднесена соодветна пријава.









