ПРВ.мк
Црна Хроника

МИСЛЕЛА ДЕКА Ѝ СЕ НАСМЕВНАЛА СРЕЌАТА: На отпад пронашла 42.000 евра, сега може да заврши во затвор

МИСЛЕЛА ДЕКА Ѝ СЕ НАСМЕВНАЛА СРЕЌАТА: На отпад пронашла 42.000 евра, сега може да заврши во затвор

Необично откритие во Полска завршило со полициска истрага, откако жена пронашла дури 42.000 евра во стара комода оставена на отпад, но наместо да го пријави пронајдениот кеш – решила да го задржи.

Комодата ја фрлил брачен пар од местото Варзимице, во близина на Шчеќин, додека го расчистувал својот дом. Само неколку часа подоцна сопружниците сфатиле дека направиле огромна грешка – во една од фиоките останала нивната семејна заштеда од 42.000 евра.

Кога се вратиле на местото за собирање кабаст отпад, комодата веќе ја немало.

Во потрагата по исчезнатите пари се вклучила полицијата, а бил ангажиран и приватен детектив. Истражителите ги прегледувале снимките од надзорните камери, разговарале со соседите и се обидувале да утврдат кој ја зел комодата.

По неколку дена стигнале до жената која ги пронашла парите. Според полското обвинителство, таа не го пријавила пронајдениот кеш кај надлежните институции, туку го задржала за себе.

Полицијата подоцна ги пронашла сите 42.000 евра во стан во Шчеќин, а парите му биле вратени на брачниот пар.

Сепак, за жената случајот не завршил тука. Против неа е поведена кривична постапка поради присвојување пронајдени пари кои му припаѓаат на друго лице. Доколку биде прогласена за виновна, може да добие казна до една година затвор.