ПРВ.мк
Црна Хроника

Мајка го нападнала својот 16-годишен син – полицијата интервенирала

Мајка го нападнала својот 16-годишен син – полицијата интервенирала

Четириесет и едногодишна скопјанка била лишена од слобода откако било пријавено дека во семејниот дом физички го нападнала својот 16-годишен син, објави „Скопје1.мк“.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 8 септември во 14:00 часот, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Е.Г. (41) од Скопје, на подрачјето на општина Аеродром.

Полицијата постапувала по претходна пријава за физички напад врз малолетникот.

Жената била приведена во полициска станица.

По целосното документирање на случајот, против неа ќе следува соодветен поднесок.