Четиринаесетгодишен ученик бил нападнат од негов соученик во тоалетот на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера во 13 часот во СВР Скопје. Пријавата ја поднела 43-годишна скопјанка, која информирала дека околу 9 часот, во тоалетот на основното училиште, нејзиниот 14-годишен син бил нападнат од соученик со остар предмет.
При инцидентот, ученикот се здобил со повреда на раката.
Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.










