СВР Куманово поднесе кривична пријава против три лица од Тетовско и Кумановско поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „убивање и мачење животни“.
Кривичните пријави се поднесени против С.Р. (35) од село Камењане, Општина Боговиње, А.М. (28) од село Челопек, Општина Брвеница, и С.А. (41) од село Черкези, Кумановско.
Според информациите од полицијата, случајот се однесува на настан од 23 март 2026 година, кога во објект на поранешен угостителски објект во селото Черкези, пријавените лица наводно организирале и овозможиле одржување борба со кучиња.
СВР Куманово продолжува со постапувањето во рамки на случајот, а за понатамошниот тек на постапката ќе одлучуваат надлежните институции.






