Празен автобус излетал од патот во близина на тетовското село Стенче, по што полицијата започнала да трага по возачот, кој не бил затекнат на местото на незгодата.
Според првичните неофицијални информации, инцидентот се случил околу 13:30 часот, а во моментот кога автобусот излетал од патот во него немало патници.
Од СВР Тетово потврдиле дека сообраќајната незгода не била пријавена во полиција, но полициски службеници излегле на местото за да ги утврдат околностите.
При излетувањето, автобусот ја оштетил банкината покрај патот. Бидејќи возачот не бил присутен кога полицијата пристигнала, службениците преземаат мерки за негово пронаоѓање и за расчистување на случајот.
Неофицијално, автобусот бил општински.






