ПРВ.мк
Македонија

МУ ВЕТИЛЕ ДЕКА ЌЕ ЈА ИЗБРКААТ „ЦРНАТА МАГИЈА“, А ТОЈ ИМ ДАЛ 18.000 ЕВРА: Дури потоа сфатил што му направиле!

МУ ВЕТИЛЕ ДЕКА ЌЕ ЈА ИЗБРКААТ „ЦРНАТА МАГИЈА“, А ТОЈ ИМ ДАЛ 18.000 ЕВРА: Дури потоа сфатил што му направиле!

Шеесет и шестгодишен жител на село во Кочанско останал без 18.000 евра, откако неколку лица го убедиле дека во неговиот дом има „црна магија“ и дека потребните пари ќе послужат за нејзино отстранување.

Случајот 66-годишникот го пријавил во ОВР Кочани на 24 септември околу 23 часот.

Според неговото сведоштво дадено пред полицијата, лицата дошле во неговиот дом и со лажни тврдења го довеле во заблуда. Тие му кажале дека во куќата има „црна магија“, по што го убедиле да им ги предаде сите пари што ги поседувал.

Како што му објасниле, средствата биле потребни за да ја отстранат „магиијата“ од неговиот дом.

Откако лицата си заминале, 66-годишникот сфатил дека бил измамен и веднаш го пријавил случајот во полиција.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, како и за утврдување на идентитетот на лицата кои се сомничат дека ја извршиле измамата.