ПРВ.мк
Македонија

ПАДНА ИНСПЕКТОРКА ОД АХВ: Неофицијално, барала пари за позитивен записник!

ПАДНА ИНСПЕКТОРКА ОД АХВ: Неофицијално, барала пари за позитивен записник!

Инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) била приведена во полициска акција во Скопје поради сомнение дека барала пари за да издаде позитивен записник по извршена инспекциска контрола.

Според неофицијалните информации на „Скопје1“, добиени од извори во Министерството за внатрешни работи, инспекторката се сомничи дека ги искористила своите службени овластувања со цел да стекне лична корист.

Како што се наведува, при спроведување на инспекциска контрола, таа наводно барала да ѝ биде доставена одредена документација која, според информациите, не била неопходна за конкретната постапка.

Потоа, според истите неофицијални наводи, издавањето на позитивен записник било условено со исплата на определен паричен износ.

По преземените полициски дејствија, инспекторката била лишена од слобода.

Засега нема официјално потврдени информации за тоа колкав износ на пари наводно бил побаран, ниту, пак, која е точната правна квалификација на делото за кое инспекторката е осомничена.

Случајот се очекува да биде дополнително разјаснет преку официјални информации од Министерството за внатрешни работи и надлежното јавно обвинителство.

Извор: Скопје1.мк