Полицијата истражува случај во кој шест и пол годишно дете било физички нападнато од неколку други малолетници во соблекувална на спортска сала во основно училиште во Кочани.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен вчера во 12:45 часот во ОВР Кочани од 42-годишен маж од Кочани.
Според пријавата, неговото шест и пол годишно дете се наоѓало во соблекувалната на спортската сала во основното училиште кога било нападнато од неколку малолетни деца, кои биле постари од него.
При инцидентот, детето било физички нападнато, а потоа било соблечено и снимано со смарт часовник.
За случајот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјална работа.
Од МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување и целосно документирање на случајот.






