ПРВ.мк
Македонија

„Не пропуштај ниту едно срцево отчукување“: Клековски на панел по повод Светскиот ден на срцето најави посилни превентивни мерки

„Не пропуштај ниту едно срцево отчукување“: Клековски на панел по повод Светскиот ден на срцето најави посилни превентивни мерки

По повод Светскиот ден на срцето (29 септември), министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска учествуваше на панел-дискусијата одржана во „Europe House“.

Кардиоваскуларните болести и понатаму остануваат една од главните причини за предвремена смртност, иако голем дел од овие случаи можат успешно да се спречат со правовремена превенција и навремена реакција.

Како што беше истакнато на панелот, клучниот одговор за зачувување на срцевото здравје лежи во три основни столбови:

  • Превенција: Воведување мерки како што се забрана за пушење, обезбедување здрава храна во училиштата и воведување данок на додаден шеќер во пијалоците;
  • Редовни превентивни прегледи: Навремено следење на здравствената состојба кај граѓаните;
  • Ран препознавање на симптомите: Едукација на јавноста за знаците кои честопати се игнорираат, а можат да спасат живот.

Настанот беше организиран од страна на Македонското здружение по кардиологија, со поддршка од Министерството за здравство и Светската здравствена организација (WHO North Macedonia).