ПРВ.мк
Црна Хроника

УБИСТВОТО НА МЛАДАТА СТУДЕНТКA ЈА ДИГНА ЈАВНОСТА НА НОЗЕ: Семејството тврди едно, полицијата ги отфрла наводите!

УБИСТВОТО НА МЛАДАТА СТУДЕНТКA ЈА ДИГНА ЈАВНОСТА НА НОЗЕ: Семејството тврди едно, полицијата ги отфрла наводите!

Студентката Дилјара Салимбајева (19) е брутално убиена на периферијата на градот Семеј на 21 септември, а ова сомнежно злосторство ги принуди нејзините роднини да се борат за правда преку социјалните мрежи.

„Во Семеј во текот на ноќта е убиена мојата 19-годишна сестра бидејќи одбила едно момче. Од нашето семејство се бара да молчиме и да не излегуваме во јавноста за 'да им ја олесниме работата на оние што ја водат истрагата'. Ова не беше обично убиство, туку однапред планирано групно злосторство... Не сакаме да молчиме. Бараме да се утврдат сите околности и сторителите да одговараат“, изјавуваат роднините на несреќната девојка.

Во кампањата на социјалните мрежи се вклучи уште еден роднина, кој исто така тврди дека во убиството учествувале повеќе лица.

„На 21 септември во Семеј, околу 18:30 часот, мојата помлада сестра беше брутално убиена! Осомничен е 24-годишен маж. Таа го одбила, а тој одлучил дека 'ако не може да биде негова, нема да биде на никој друг'. Беше тоа однапред испланирано групно убиство! Изгубивме личност која ни беше најблиска. Не неколку часа подоцна ни беше кажано дека осомничениот е приведен, а сега нашиот најголем страв е дека виновниците би можеле да ја избегнат казната што ја заслужуваат“, напиша тој.

Роднините на Дилјара ги повикуваат граѓаните на Казахстан да му дадат што поголема гласност на овој случај со цел истрагата да се спроведе објективно и одговорните да бидат процесуирани соодветно на законот.

Што вели полицијата?

Полицијата од регионот Абај излезе со официјален став во врска со случајот.

„Кривичната постапка за убиството е покрената на 21 септември. Со брза реакција, полицијата го идентификуваше и приведе 24-годишниот локален жител, кој моментно се наоѓа во притвор. Прелиминарните резултати од истрагата укажуваат дека осомничениот и жртвата се познавале и дека меѓу нив дошло до судир предизвикан од љубомора. Во тек се сите потребни истражни дејства за утврдување на сите околности“, соопштија од полициската управа.

Од полицијата исто така нагласија дека „хипотезата за групно убиство не е потврдена“ и додадоа дека осомничениот бил поранешно момче на студентката.

Трагедијата се случила на улица во населбата Водни. Според првичните информации, младата девојка здобила дури 12 убодни рани со нож за време на нападот. Внимателните соседи веднаш повикале итна медицинска помош, но лекарите за жал не успеале да ѝ го спасат животот.

Дилјара била студентка во трета година на колеџот „Каинар“. Од оваа образовна институција ја опишаа како исклучително воспитана и успешна студентка, чија фотографија се наоѓала и на „Таблата на честа“.