ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГИЧЕН НАСТАН ЈА ПОТРЕСЕ ДРЖАВАТА: Малолетник удрил врсник, 15-годишник паднал и починал на лице место!

ТРАГИЧЕН НАСТАН ЈА ПОТРЕСЕ ДРЖАВАТА: Малолетник удрил врсник, 15-годишник паднал и починал на лице место!

Трагичен настан се случил во Књажевац, Србија, каде што 15-годишно момче го загубило животот по пад за време на конфликт со свој врсник.

Според информациите објавени од „Блиц“, инцидентот се случил во четвртокот околу 18 часот. За време на расправијата, малолетниот Љ. П. го удрил својот врсник Л. Ц., кој имал 15 години.

По ударот, момчето паднало и се здобило со повреда во пределот на слепоочницата. Според информациите од извор на „Блиц“, 15-годишникот починал на местото на настанот како последица на здобиената повреда.

По пријавувањето на случајот, надлежните извршиле увид на местото на настанот и се преземаат понатамошни дејствија за целосно расчистување на околностите.

Против малолетниот Љ. П., според најавите, се очекува да биде поведена постапка за кривично дело небрежно лишување од живот.