ПРВ.мк
Македонија

НЕВРЕМЕТО НЕ ПОПУШТА: Денеска Македонија под облаци и дожд - еве во кои делови!

НЕВРЕМЕТО НЕ ПОПУШТА: Денеска Македонија под облаци и дожд - еве во кои делови!

Македонија денеска ја очекува облачно и постудено време, со повремени врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта.

На одредени места врнежите ќе бидат пообилни, при што се очекува да наврнат над 30 литри дожд на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Температурите наутро ќе се движат од 4 до 13 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 15 до 23 степени.

Какво време го очекува Скопје?

И во Скопје денот ќе биде облачен и постуден. Попладне, како и во текот на ноќта, се очекуваат повремени врнежи од дожд.

Во одделни делови од Скопската Котлина врнежите ќе бидат со умерен, а повремено и со засилен интензитет.

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 9 степени, додека дневната ќе достигне најмногу 18 степени.

Што носи времето во сабота?

Во сабота ќе продолжи постуденото време, а во претпладневните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Потоа следува период со променливо облачно и постепено потопло време, со сончеви периоди. Сепак, на места повторно ќе има зголемена облачност и услови за повремен дожд.