ПРВ.мк
Македонија

Кавадарци станува побезбеден град: Поставена 120-метарска ограда на клучни сообраќајници

Кавадарци станува побезбеден град: Поставена 120-метарска ограда на клучни сообраќајници

Во Кавадарци е поставена нова заштитна ограда во должина од 120 метри на новиот Булевар „Вељко Влаховиќ“ и на улицата „Диме Поцев“.

Со оваа интервенција дополнително се уредува просторот и се зголемува безбедноста на пешаците, особено на местата со најголема фреквенција на пешачки сообраќај и преминување на улицата.

Општина Кавадарци продолжува со реализација на конкретни мерки за подобрување на сообраќајната инфраструктура, поголема безбедност и создавање поуреден и функционален градски простор за сите граѓани.