ПРВ.мк
Македонија

Кавадарци вложува во младите: Започна исплата на над 2,2 милиони денари за првачињата, наградените ученици и менторите

Кавадарци вложува во младите: Започна исплата на над 2,2 милиони денари за првачињата, наградените ученици и менторите

Општина Кавадарци започна со исплата на планираните финансиски средства наменети како поддршка за најмладите, но и како признание за најуспешните ученици и нивните наставници.

Вкупната поддршка која се исплаќа изнесува над 2,2 милиони денари, распределени во следниве категории:

  • Додаток за првачиња (по поднесени барања за учебната 2026/2027 година): 702.000 денари
  • Финансиски награди за успешни ученици: 856.581 денар
  • Средства за наставниците-ментори: 653.268 денари

„Горди сме на сите успеси на нашите ученици и нивните ментори. Тие се вистинските амбасадори на Кавадарци и наша најголема гордост, поради што секогаш ќе ја имаат нашата безрезервна поддршка.“

Со оваа мерка Општина Кавадарци цели да ги поттикне сите ученици и просветни работници за уште поголеми достигнувања, додека на првачињата им посакува многу успех и радосни моменти во нивното образование.