ПРВ.мк
Црна Хроника

Двајца 13-годишници без возачки се судрија со мотори, едниот со тешки повреди

Двајца 13-годишници без возачки се судрија со мотори, едниот со тешки повреди

Двајца 13-годишни малолетници се повредени во сообраќајна несреќа што се случила во струмичкото село Мокриево, откако се судриле со мотоцикли.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 7 септември околу 13:40 часот во СВР Струмица.

Во судирот учествувал мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од 13-годишник од село Мокрино, како и мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од 13-годишник од село Мокриево. Од полицијата информираат дека двајцата малолетници управувале без возачка дозвола.

Во несреќата, 13-годишникот од Мокрино се здобил со тешки телесни повреди, додека другиот малолетник се здобил со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Струмица.