Според астрологијата, одредени хороскопски знаци се издвојуваат по својата љубопитност, проникливост и способност брзо да ги проценат луѓето и ситуациите. Меѓу нив најчесто се споменуваат Близнаците, Скорпијата и Стрелецот.
Близнаци
Близнаците важат за исклучително љубопитни и интелектуално активни личности. Уште од мали покажуваат желба да откриваат нови работи, да поставуваат прашања и постојано да учат.
Нивната интелигенција често се забележува и преку духовитоста и комуникативноста. Сакаат разговори од кои можат да научат нешто ново, а и во љубовните односи најчесто ги привлекуваат партнери со кои можат да водат интересни и содержински разговори.
Скорпија
Скорпиите се издвојуваат по проникливоста и силната интуиција. Тие ретко ги прифаќаат работите само онака како што изгледаат на прв поглед, туку сакаат да откријат што се крие под површината.
Добро ги проценуваат луѓето и нивните намери, па според астрологијата тешко е некој да ги измами или манипулира. Нивната сила е во способноста внимателно да набљудуваат, анализираат и да ги поврзуваат деталите.
Стрелец
Стрелците, слично како Близнаците, имаат силна желба за нови знаења и искуства. Иако понекогаш можат да остават впечаток на несериозни личности, тие умеат брзо да ја проценат ситуацијата и добро да се приспособат на нова средина.
Друштвени се и лесно воспоставуваат контакт со различни луѓе. Според астролошките толкувања, често ги привлекуваат науката, истражувањето и постојаното интелектуално надградување.
Секако, хороскопскиот знак не е научна мерка за интелигенција, но ваквите астролошки толкувања се популарен начин за споредување на карактерните особини.








