ПРВ.мк
Македонија

Митко Јанчев по повод 8 Септември: Македонија е наш дом, наша гордост и наша заедничка одговорност

Митко Јанчев по повод 8 Септември: Македонија е наш дом, наша гордост и наша заедничка одговорност

По повод 35-годишнината од независноста на Македонија, градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, упати честитка до граѓаните, нагласувајќи го историското значење на 8 Септември и одговорноста на сегашните генерации кон иднината на државата.

Јанчев порача дека денес со гордост се одбележува денот кога македонскиот народ одлучно го избра патот на слободна, суверена и независна држава.

Во својата порака тој оддаде почит на генерациите кои ја создавале македонската државност, на сите кои ја граделе и бранеле Македонија, но и на граѓаните кои денес со својата работа, знаење и љубов кон татковината придонесуваат за нејзиниот напредок.

„Македонија е наш дом, наша гордост и наша заедничка одговорност“, порача Јанчев, потенцирајќи ја важноста од заедништво и посветеност кон државата.

„Нека ни е вечна и вековита Македонија! Да живее слободна и независна Македонија!“, порача градоначалникот Митко Јанчев по повод Денот на независноста.