Полицијата во Велес приведе две млади лица откако при контрола на возило кај нив биле пронајдени марихуана и бела грутчеста материја.
Како што информираат од МВР, на 7 септември во 19:25 часот, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода Л.А. (25) од Свети Николе и Д.С. (19) од Штип.
Полициските службеници сопреле патничко возило „цитроен“ со светиниколски регистарски ознаки, кое го управувал Л.А., додека Д.С. бил сопатник.
При извршениот преглед, кај 25-годишникот била пронајдена и одземена марихуана, додека кај 19-годишниот сопатник биле пронајдени марихуана и бела грутчеста материја.
Двајцата биле приведени во полициска станица, а за случајот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.






