Пукање сред бел ден ја вознемири скопската населба Ченто, откако според очевидци, по претходна тепачка дошло до употреба на огнено оружје.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се слушаат повеќе истрели, додека лице кое се наоѓа во близина му довикува на снимателот: „Бегај, бегај“.
Според информациите што ги споделуваат граѓани, настанот бил претходен од физичка пресметка, по што едно лице наводно извадило пиштол и започнало да пука.
Засега нема официјална потврда од Министерството за внатрешни работи за околностите на инцидентот, ниту информации за евентуално повредени или приведени лица.
Се очекува МВР во текот на вечерта да излезе со повеќе детали за случајот.







