Во текот на изминатото деноноќие, полициските службеници на повеќе локации во државата лишиле од слобода 14 возачи, додека со двајца малолетници од Велес бил извршен службен разговор поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“, информира Министерството за внатрешни работи.
Од МВР наведуваат дека 13 од приведените возачи управувале возила без претходно да положат возачки испит. Меѓу нив се З.Т. (39), М.Л. (22), Х.В. (23) и Б.Ф. (24) од Скопје, Х.Д. (19) од скопското село Морани, М.Т. (29) од Прилеп, В.И. (18) од Битола, Р.Н. (47) од Брезница, Општина Македонски Брод, И.Ѓ. (42) од Кочани, Г.Н. (46) од Кавадарци, Ш.Р. (34) од Тетово, Б.А. (26) од Гостивар и Л.Ф. (22) од Чегране, гостиварско, кој притоа удрил и во паркирано возило.
Посебно внимание во соопштението на МВР е посветено на случајот во Велес, каде што биле повикани двајца малолетници кои управувале мопеди без да поседуваат возачки дозволи. Со нив бил извршен службен разговор во присуство на нивните родители.
Полицијата регистрирала и случај во Делчево, каде што Д.Ј. (39) управувал возило под дејство на алкохол.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на сите случаи ќе следуваат соодветни кривични пријави.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“, порачаа од МВР.









