ПРВ.мк
Црна Хроника

МЛАД ВЕЛЕШАНЕЦ ПОД ПОЛИЦИСКА ЛУПА: Полицијата пронашла недозволени супстанци - МВР со детали!

МЛАД ВЕЛЕШАНЕЦ ПОД ПОЛИЦИСКА ЛУПА: Полицијата пронашла недозволени супстанци - МВР со детали!

Дваесетгодишен жител на Велес е лишен од слобода откако полициски службеници при извршен преглед кај него пронашле и одзеле марихуана.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, вчера во 16:45 часот во Велес, припадници на СВР Велес го привеле М.С. (20) од градот.

„При преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана“, соопшти МВР.

По приведувањето, М.С. бил спроведен во полициска станица за понатамошно постапување. За случајот бил известен и надлежниот јавен обвинител.

Од полицијата најавуваат дека по целосното документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.