ПРВ.мк
Црна Хроника

Страшна несреќа: Трактор прегази бебе старо година и пол

Страшна несреќа: Трактор прегази бебе старо година и пол

Тешка несреќа се случи денеска во Гроцка, Србија, каде трактор прегазил дете старо една и пол година, кое се наоѓа во животна опасност.

Според првичните информации, тракторот поминал преку детето под засега неразјаснети околности.

Бебето се здобило со тешки телесни повреди, а според српските медиуми, неговата состојба е критична.

Екипа на Итната медицинска помош веднаш пристигнала на местото на несреќата и го пренела детето во здравствена установа, каде лекарите се борат за неговиот живот.

Надлежните органи вршат увид и работат на утврдување на сите околности под кои се случила несреќата.