Познатиот босанскохерцеговски музичар Хусо Пајиќ почина на 76-годишна возраст, оставајќи зад себе богата музичка кариера и значаен придонес на музичката сцена во поранешна Југославија.
Во текот на својата кариера, Пајиќ соработувал со бројни познати музички ѕвезди од регионот, а бил добитник и на Естрадната награда на Босна и Херцеговина. Покрај музичката работа, автор е и на книгата и прирачникот „Школа за тапани“.
Веста за неговата смрт ја објави пејачката Ханка Палдум на својот профил на Инстаграм, со емотивна порака во која се прости од својот колега и пријател.
„Нашата музичка сцена станува сè посиромашна. Ни заминуваат на подобар свет драги луѓе, големи уметници. Замина и нашиот драг Хусо Пајиќ, чие срце чукаше за секого кого го познаваше“, напиша Палдум.

„Ќе останеш во нашите срца“
Во продолжението на објавата, пејачката се потсети на неговата љубов кон музиката, луѓето и работата, истакнувајќи дека секој негов настап носел посебна емоција.
Таа напиша дека Пајиќ со својата добрина и човечност оставил неизбришлива трага кај колегите и публиката.
На крајот, Палдум упати молитва за неговата душа и сочувство до сопругата Азира, синот Емир и останатите членови на семејството, посакувајќи им сила да ја пребродат загубата.









