Поранешниот премиер на Сојузна Република Југославија, Милан Паниќ, почина на 24 септември на 97-годишна возраст.
Паниќ е роден во Белград на 20 декември 1929 година, а уште како млад заминал во Соединетите Американски Држави, каде што подоцна изградил успешна деловна кариера и ја основал фармацевтската компанија ICN. Со години бил на нејзино чело, а покрај бизнисот се занимавал и со политика и хуманитарна работа.
Во политиката влезе во периодот на распадот на поранешна Југославија. Од 1992 до 1993 година ја извршуваше функцијата премиер на Сојузна Република Југославија.
Истата 1992 година Паниќ се кандидираше и на претседателските избори во Србија. На изборите во декември заврши на второто место, зад тогашниот претседател и лидер на Социјалистичката партија на Србија, Слободан Милошевиќ.

Паниќ ја презеде функцијата премиер на Југославија како американски државјанин. Според тогашните уставни одредби, државјанин на САД немал право да прифати висока државна функција во странска држава, но Паниќ сепак стана шеф на сојузната влада.
Во јавниот живот се залагаше за мир, демократија и политичко решение на конфликтите на Балканот. Покрај политичката кариера и фармацевтскиот бизнис, Паниќ беше познат и по својот ангажман во хуманитарни активности.









