ПРВ.мк
Балкан

Голем пожар го зафати јужниот дел на Албанија, евакуирани неколку села

Голем пожар го зафати јужниот дел на Албанија, евакуирани неколку села
Escape

Во јужниот регион на Албанија избувна голем пожар кој зафати општина Финиќ. Во пожарот изгореа две куќи, а жителите на селата Ливина и Ардасово беа евакуирани поради опасност од ширење на огнот. Се вложуваат максимални напори пожарот да не се прошири кон хидроелектраната „Бистрица“, која се наоѓа во близина.

Состојбата е критична во неколку села, меѓу кои Велахово, Ливина, Ардасово, Бистрица и Кронѓ. На терен покрај пожарникарите од Финиќ, Делвина, Кониспол и Саранда се присутни и припадници на армијата, како и министерот за одбрана Пиро Венгу. Пожарот се гаси и од воздух со помош на хеликоптери.

На постарите жители им е обезбедена медицинска помош, а поради безбедносни причини, сообраќајот на патот Музина – Бистрица е ограничен и ќе остане затворен до завршувањето на противпожарните активности.

Mia Home Mavrovo