ПРВ.мк
Магазин

Многумина дури сега дознаа која е постарата Роуз во филмот „Титаник“: „Цел живот живеам во заблуда“

Многумина дури сега дознаа која е постарата Роуз во филмот „Титаник“: „Цел живот живеам во заблуда“
Escape

Во легендарниот филм „Титаник“ од 1997 година, постарата Роуз Досон Калверт ја глуми американската актерка Глорија Стјуарт, која за оваа улога беше номинирана и за Оскар и за Златен глобус.

Неодамна, новозеландскиот радио-водител Ден Веби призна дека цел живот мислел оти станува збор за вистинска преживеана од „Титаник“. Според него, реалистичната интерпретација и начинот на кој филмот ја воведува постарата Роуз – пристигнувајќи со хеликоптер и со живописно раскажување – го натерале да поверува дека гледа автентична историска личност.

Како што се покажа, оваа заблуда ја делат многу гледачи ширум светот, кои дури сега дознаваат дека „вистинската Роуз“ никогаш не постоела, а дека нејзината приказна е целосно фиктивна.

Mia Home Mavrovo