Ако Леброн Џејмс следното лето стане слободен агент, Голден Стејт Вориорс, Кливленд Кавалирс и Далас Маверикс се главните кандидати да ја добијат неговата последна НБА станица, пишува „Далас Хупс“.
Иако има договор со Лејкерс до крајот на сезоната, 40-годишниот Леброн сè повеќе размислува за крајот на кариерата, но со бројките од минатата сезона – 24,4 поени, 7,8 скока и 8,2 асистенции на 70 натпревари – јасно е дека сè уште може да доминира.
Дали ова ќе биде последното поглавје на „Кралот“ во НБА, или ќе видиме уште една промена на дресот?