ПРВ.мк
Сцена

Најголемата мега поуларна ѕвезда од балканот се приклучува во жирито на „Ѕвездите на гранд“ - „Тој би дал нова димензија во шоуто“

Најголемата мега поуларна ѕвезда од балканот се приклучува во жирито на  „Ѕвездите на гранд“ - „Тој би дал нова димензија во шоуто“
Escape

„Гранд продукција“ работи на создавање силно жири за новата сезона, а покрај Лепа Брена и Сузана Јовановиќ, во план е и легендарниот Здравко Чолиќ.

„Неговите хитови се пеат уште од првата сезона, а учеството на таква ѕвезда би значело многу и за кандидатите и за гледачите. Тие би го запознале Чола од поинаков агол“, вели извор близок до продукцијата за српски „Курир“.

Се потсетува и дека поранешниот директор Саша Поповиќ одамна сакал Чолиќ да биде специјален гостин во финале, но планот тогаш не се остварил. Доколку „коцките“ се склопат, оваа есен публиката би можела да го види Чола во нова улога – како член на жирито во најпопуларното балканско музичко шоу.

Mia Home Mavrovo