Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ, изминативе денови уживаше во одмор со своето семејство во Грција. По престојот на познатите острови Миконос и Парос, Ѓоковиќ го посети и островот Тинос, каде што имаше и средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис. Двајцата направија заедничко селфи, кое премиерот го објави на своите лични социјални мрежи.
Покрај заедничката вечера во ресторан во атинската област Колонаки и заедничката литургија во црква, веќе долго се шпекулира дека Ѓоковиќ размислува за преселба во Атина.

Сепак, најновите информации откриваат дека причината за честите посети е поврзана со тенискиот календар – Новак решил отвореното првенство на Србија од АТП 250 серијата да го пресели од Белград во Атина. Турнирот би се одржувал во олимписката сала „ОАКА“, дом на кошаркарскиот клуб Панатинаикос, од 2 до 8 ноември.
Ова ќе биде првпат по 30 години да се игра АТП турнир во Атина, а заради тоа Панатинаикос ќе мора во тој период да ги игра своите натпревари или како гостин или во друга сала, бидејќи Евролигата е известена за оваа промена.
Оваа одлука ја потврдува посветеноста на Ѓоковиќ кон грчката тениска сцена и ја објаснува неговата честота на престојите во земјата.