ПРВ.мк
Свет

Русија повторно го наруши естонскиот воздушен простор: Три воени авиони без транспондери и комуникација

Русија повторно го наруши естонскиот воздушен простор: Три воени авиони без транспондери и комуникација

Три руски борбени авиони влегоа во естонскиот воздушен простор без план за лет и со исклучени транспондери, а немале ниту двонасочна радио комуникација со естонските служби. Министерството за надворешни работи на Естонија повика руски амбасадор во Талин за протест и достави нота поради овој инцидент.

Шефот на естонската дипломатија, Маргус Цакна, истакна дека ова е „невидено брутално“ прекршување и повика на зголемен политички и економски притисок кон Русија. Ова е четврто вакво нарушување годинава, откако претходно руски хеликоптер МИ-8 исто така го прекрши естонскиот воздушен простор.

Escape