ПРВ.мк
Свет

Камчатка повторно се тресе: повеќе од 120 земјотреси за помалку од 24 часа

Камчатка повторно се тресе: повеќе од 120 земјотреси за помалку од 24 часа

Регионалната филијала на Федералниот истражувачки центар на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките соопшти дека утрово е регистриран земјотрес со јачина од 5,8 степени покрај брегот на Камчатка. Регионалната дирекција на Министерството за вонредни ситуации потврди дека потресот бил почувствуван во градските области Петропавловск-Камчатски и Виључински, но не е издадена закана од цунами.

Ова е дел од серија земјотреси кои го тресат подрачјето: во последните 24 часа регистрирани се повеќе од 120 потреси. Најсилниот од нив беше со интензитет од 7,4 степени, погоден Тихиот Океан на петок наутро, со епицентар на 93 километри од Петропавловск-Камчатски.

Камчатка бележи силни земјотреси речиси секојдневно откако на 30 јули го доживеа најсилниот потрес од 1952 година, со јачина од 8,8 степени според Рихтеровата скала. Надлежните органи продолжуваат да ја следат ситуацијата и да ги предупредуваат жителите за можни нови потреси.

Escape