Во породилиштето „Кралица Џералдина“ во Тирана се случи необична и радосна појава – дури десет акушерки се бремени истовремено. Настанот стана вирален хит во албанските медиуми и на социјалните мрежи, а за него објави и премиерот Еди Рама.
„Прекрасна случајност: 10 акушерки од породилиштето ‘Кралица Џералдина’ се на истото мајчинско патување“, напиша Рама, споделувајќи го радосниот момент со јавноста.
Од самото породилиште истакнаа дека оваа ретка појава има посебна симболика: од рацете кои секојдневно се грижат за нови животи, до срцата кои сега носат нов живот во себе.
„Оние кои секој ден се грижат за сопругите, мајките и бебињата со врвна посветеност, денес исто така го носат најголемиот благослов во себеси – животот. Редок дар кој сите нè возбудува“, стои во објавата на болницата.