Свети Созонт, родум од Ликаонија, бил обичен овчар кој целосно го следел Божјиот закон и ги поучувал своите врсници во благочестието. Преку видение, дознал дека ќе треба маченички да пострада за Христа.
Во времето на гонењето на христијаните во градот Помпеопол од страна на управителот Максимијан, Созонт влегол во храм посветен на златен идол, ја скршил неговата рака и богатството од идолот го поделил на сиромаси. За да не страдаат невини луѓе поради неговото дело, Созонт се пријавил пред управителот како извршител и верник во Христа.
Мачителите прво го тепале, го обесиле и стружеа со железни четки, а на крај го ставиле на оган. Во 304 година, светителот Му ја предал својата душа на Бога. Неговите мошти се покажале чудотворни, а над нив бил подигнат храм посветен на Свети Созонт.